Во пожар во Кавадарци почина 75-годишна жена: Телото е дадено на обдукција

од Илинка Илиоска
11 прегледи

Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Пожарот го изгаснал неговиот татко, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, се појаснува во соопштението.

Во 3:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.У., на возраст од 47 години од неготинско село, затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.

-Предметот бил одземен, С.У. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.

Додека пак вчера, во 13:52 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект – колиба на кавадаречко место викано „Глувчовец“, сопственост на 66-годишната Т.Н. од овој град.

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица – Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци, се додава во соопштението.

Слични содржини