Мицкоски: Владата планира од следната година да набави електрични возила

од Илинка Илиоска
39 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата планира да издвои средства за набавка на електрични автомобили со новиот буџет, но дека оваа година тоа нема да биде возможно. Одговарајќи на новинарско прашање, тој објасни дека Владата работи на план за воведување на оперативен лизинг, кој би требало да го намали трошокот за одржување на автомобилите во државните институции.

„Сакаме да имаме поинаков пристап преку оперативниот лизинг, да ги намалиме трошоците за нивно одржување и на овој начин да понудиме нов возен парк,“ рече тој, додавајќи дека новите возила, меѓу кои ќе има и електрични автомобили и хибриди, ќе придонесат за намалување на емисијата на штетни честички.

Мицкоски нагласи дека средствата за набавка на електрични возила треба да се предвидат во буџетот за следната година.

Слични содржини