Вака изгледа смртта во капсула за евтаназија: Корисниците слушаат застрашувачка порака од седум збора

од Nikola Popovski
260 прегледи

Швајцарската полиција уапси неколку лица откако 64-годишна жена изврши самоубиство користејќи ја „капсулата за евтаназија“ – Сарко.

Првата личност што ја користела речиси веднаш го притиснала копчето за да си го одземе животот, изјави креаторот на уредот.

Капсулата е дизајнирана да му овозможи на лицето внатре да притисне копче, кое ја исполнува комората со азот, што доведува до хипоксија (недостаток на кислород) и набргу потоа до смрт.

Во овој случај, капсулата била поставена во шума во Маришаузен, Швајцарија, па 64-годишната Американка која ја користела можела да ги види врвовите на дрвјата и небото пред нејзината смрт, пишува Дејли Меил.

„Изгледа токму онака како што очекував да изгледа. Моја претпоставка е дека таа ја изгубила свеста за две минути и починала за пет минути“, изјавил д-р Филип Ничке, познат и како „Доктор Смрт“.

„Видовме мали, ненадејни грчеви во мускулите на рацете, но тогаш таа веројатно изгуби свест…“, рекол ој.

Жената, за која се верува дека е мајка на две деца од американскиот Среден Запад, била смртно болна и имала силни болки. Две години посакувал да умре. По добиеното известување за нејзината смрт, полицијата пристигнала во шумата и го открила безживотното тело во капсулата и уапсила неколку лица.

Меѓу уапсените е и директорот на „The Last Resort“, фирмата зад капсулите Сарко, како и адвокат и репортер на весник кој ја фотографирал капсулата. Јавниот обвинител Петер Стихер соопштил дека властите во областа Шафхаузен им кажале на производителите на капсулата да не ја користат никаде во областа, но тие ги игнорирале нивните предупредувања.

Телото на жената е пренесено во локалниот Институт за судска медицина и ќе биде извршена обдукција. Обвинителот навел и дека апсењата се извршени за да не се договараат меѓусебно инволвираните во овој настан за прикривање докази. Според холандскиот весник „Volksrant“, жената која починала во капсулата вербално изразила желба да си го одземе животот преку компанијата „The Last Resort“.

Во четириминутното видео таа вели дека и е дијагностицирана многу тешка и неизлечива болест, дека страда од неподносливи болки и дека две години сака да почине. Двајца од нејзините синови „целосно се согласиле“ со нејзината одлука да умре, пишува „Volksrant“, а и самата жена изјавила дека нејзините синови „стопроцентно ја поддржуваат“.

Фиона Стјуарт, членка на одборот на „The Last Resort“ известила дека синовите на жената го потврдиле тоа во писмени изјави за компанијата, но тие самите не биле присутни во Швајцарија во моментот на смртта на нивната мајка.

„Ако сакате да умрете, притиснете го ова копче“

Ничке ја најавил премиерната употреба на капсулата на социјалната мрежа Х: „Идилична мирна смрт во швајцарска шума каде The Last Resort користеше уред Сарко за да и помогне на една жена од САД да умре како што посакува“. Бидејќи The Last Resort предвидел дека ќе има истрага по првата употреба на уредот, тие ја известиле полицијата дека капсулата е користена.

Ничке и Стјуарт соопштиле дека компанијата цело време ги следела советите на своите адвокати. Капсулата работи така што воздухот, кој се состои од 21 отсто кислород и 79 отсто азот, го заменува со 100 отсто азот.

На овој начин лицето се онесвестува и престанува да дише за помалку од десет минути. На лицето што ја користи капсулата му се прикажува или пушта снимена порака која гласи: „Ако сакате да умрете, притиснете го ова копче“.

Ничко и неговите колеги го дизајнирале Сарко, кој беше направен со помош на 3-Д печатач. Неговата употреба е бесплатна, а луѓето плаќаат само за трошоците за погреб. Жената која го користела уредот ја платила само цената на азот: 18 швајцарски франци.

Компанијата има за цел да го направи потпомогнатото умирање речиси целосно бесплатно, со цена од помалку од 20 евра, за разлика од таксите што ги наплаќаат повеќето швајцарски клиники, кои обично наплаќаат повеќе од 10.000 евра за услугата. „Користењето на Сарко е бесплатно“, потенцирала Стјуарт. „Не сакаме да заработуваме пари од ова“.

Листа на чекање за смрт

Швајцарскиот закон дозволува потпомогнато самоубиство се додека лицето си го одземе животот без „надворешна помош“, а оние што му помагаат да умре не го прават тоа од „никаков себичен мотив“, се вели на веб-страницата на владата. Швајцарија е меѓу ретките земји во светот каде што странците можат легално да го завршат својот живот, а има и голем број организации посветени на помагање на луѓето да се самоубијат.

На листата на чекање за легално самоубиство во моментов има околу 120 имиња. Меѓу нив е и поранешен инженер на кралското воздухопловство и неговата сопруга, кои открија дека сакаат да станат првата двојка што користи двојна капсула за самоубиство.

Питер и Кристин Скот, кои се во брак 46 години, донеле одлука откако на поранешната медицинска сестра Кристин (80) ѝ била дијагностицирана деменција во рана фаза. „The Last Resort“ соопшти дека капсулата за две лица, исто така, ќе биде направена со помош на 3Д-печатач и може да биде подготвена за употреба веќе во јануари.

Слични содржини