Пазарните инспектори денес ќе ги „чешлаат“ цените во продавниците и бурекџилниците

од Nikola Popovski
75 прегледи

Над 120 инспектори од Пазарната инспекција се на терен и проверуваат дали се почитува најновата владина одлука за намалување на маржите, а со тоа и поевтинување на производите. Од Пазарниот инспекторат велат дека трговците имале доволно време да ги обележат производите. Нема да се толерира неетичко однесување.

Казните се од две до 10 илјади евра и затворање на објекти, најавува директорот на ДПИ, Горан Трајковски. Тоа што некои производи не се намалени не значи дека трговците не ја почитуваат мерката, додава тој.

Според директорот на ДПИ, со одлуката се опфатени и бурекџилниците и тоа по Законот за трговија, член 3. Како што истакна тој, вчера се контролирале големите маркети низ Македонија, од денес малите продажни објекти и бурекџилниците, а од утре трговијата на големо.

-Ќе провериме дали во изминатиот период се покачиле цените, но тоа нас не ни менува ништо, со оглед дека се работи за бруто-профит од 10%. Трговците на мало сега имаат залихи од тие влезни фактури од трговците на големо и треба да ги потрошат. Од новите залихи да видиме дали и тие ги применуваат, одговори Трајковски.

Досега нема казнети маркети.

И од Министерството за економија со став, непочитувањето на владината мерка за ограничување на маржите на 10 отсто не смее да помине неказнето.

Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.

Слични содржини