Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски соопшти дека во Охрид остварил билатерална средба со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар.
Средбата е дел од работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.
-Во фокусот на средбата беше изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа.
Брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот, порача Николоски.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан престојува во дводневна посета на земјава. Евроинтеграциите, економската и културната соработка ќе бидат во фокусот на разговорите со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.