Мицкоски: Само бугарските политичари и опозицијата кај нас се радуваа на одвојувањето од Албанија

од Nikola Popovski
138 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски обелодени дека се зацврствува пријателството со Унгарија, преку посетата на неговиот колега Виктор Орбан. Тој на прес-конференцијата по средбата со делегацијата на унгарската влада изјави дека дома ќе продолжат да се решаваат проблемите, но дека е добро што имаме пријатели во рамки на ЕУ и што тие сакаат да го шират нашиот глас во Брисел.

Според Мицкоски, имаме огромна поддршка од Унгарија. Им посака се најдобро на албанската влада во процесот на преговори и што побрзо да станат земја-членка.

-Жалам што поради оваа одлука, само две страни беа задоволни, а тоа е без исклучок политичарите кај нашиот источен сосед и опозицијата во земјава. Само тие беа двете страни што се радуваа на одлуката на ЕУ, која не е фер и многу погрешна кон македонските граѓани. Тоа е што е, мораме да занимаваме со реалноста, ќе продолжиме напорно да работиме и можеме еден ден и ние како и другите народи, ќе бидеме оценувани по исполнување на Копехашките критериуми, а не по билерателните проблеми за Средниот век. Сакаме да зборуваме за иднината, рече премиерот.

Слични содржини