Сејдини по нападот: Ме нападнаа тројца непознати лица на паркинг

од Milan1
56 прегледи

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, беше мета на непознати напаѓачи во Скопје. Кичевчанецот заедно со еден придружник биле во скопски ресторан, а при заминувањето биле нападнати на паркингот.

Засега напаѓачите се непознати, според официјалниот билтен на МВР не биле маскирани, ама сè уште нивниот идентитет не е познат на јавноста. По нападот претседателот на ФФМ имаше и кратко обраќање.

„Во моментов не можам да знам кој беа напаѓачите. Бев во ресторанот „Балканика“, а ситуацијата се случи кога заминував на паркингот. Тогаш бев нападнат од три лица. Фала му на Бога што минав лесно. Се надевам дека надлежните од МВР ќе преземат мерки и ќе го расчистат случајот“, изјави Сејдини во разговор за „Клан Македонија“.

Според видеото и исказите, Муамед Сејдини не е посериозно повреден по нападот пред скопскиот локал.

Слични содржини