Шчесни полета за Барселона: Денеска лекарски преглед и потпишување на договорот

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Полскиот голман Војчех Шчесни полета за Барселона, а слетувањето треба да се случи во 10:30 часот.

Шчесни изјави дека не сака да ја заврши кариерата на 34 години, но тоа го направи откако Јувентус не успеа да го продаде на клубовите во Саудиска Арабија и не сакаше да биде финансиски товар за клубот од Торино.

После тоа се појави понуда од Барселона бидејќи се повреди првиот голман на тимот Марк Андре тер Штеген.

Шчесни тогаш рече дека би било непочитување да не се разгледа понудата на Барселона, и покрај неговото пензионирање на крајот на август.

„Имам голема почит кон историјата на Барселона, таа е еден од најдобрите клубови во светот. Ја разбирам тежината на ситуацијата по повредата на Тер Штеген и мислам дека би било непочитување да не се разгледа оваа опција“.

Шпанските медиуми објавија дека полскиот голман ги договорил личните услови со Барселона и ќе го потпише договорот оваа недела, а сега Марка објави дека и официјално е на летот за Барселона.

Следува лекарскиот преглед, а потоа и потпишувањето на договорот.

Слични содржини