Хамилтон откри дека имал проблеми со депресија: „Немав со кого да разговарам“

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (39), во интервју за „Тајмс“ откри дека уште од детството се борел со депресија, прво се соочувал со малтретирање на училиште, а потоа се справувал со притисокот од кариерата во мото трките.

Хамилтон, кој се натпреварува од својата шеста година, рече дека и како возрасен се борел со депресија и дека му било тешко да зборува за тоа.

„Мислам дека тоа беше притисокот од трките и тешкотиите на училиште. Малтретирањето. Немав со кого да разговарам“, изјави Хамилтон во интервјуто.

„Цел живот се борев со менталното здравје, депресијата од многу рана возраст, од околу 13 години… кога бев во дваесеттите имав навистина тешки фази“.

Хамилтон го имаше своето деби во Формула 1 во 2007 година кога имаше 21 година. Тој го освои шампионатот следната година и го израмни рекордот на Михаел Шумахер од седум светски титули во 2020 година.

Британецот изјави дека денес се чувствува позрел отколку порано во кариерата.

„Учиш за работите што ти ги пренеле родителите, ги забележуваш овие модели, како реагираш на нештата, како можеш да го промениш тоа. Она што можеше да ме налути во минатото, денес не ме лути. Јас сум многу попрефинет“, изјави Хамилтон.

Слични содржини