Блокирањето на европската иднина е неприфатливо, изјавил Ахмети на средбата со францускиот амбасадор

од Nikola Popovski
20 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето на партијата остварил работна средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер. Од партијата информираат дека Ахмети му честитал на амбасадорот за новата должност, уверувајќи го во продолжување на одличните односи со Франција.

Ахмети му се заблагодарил на амбасадорот за сета поддршка на Франција за европската иднина на нашата земја како и помошта на Париз во постигнувањето на договорот со Бугарија.

-Ахмети зборуваше за загриженоста за напуштање на земјата од евроинтеграциите и неодржување на втората меѓувладина конференција со Европската унија.

И покрај сите стагнации и други неправди, блокирањето на патот и европската иднина е неприфатливо и алармантно.

ДУИ останува целосно посветена на продолжување на европскиот пат и нема да го тргне овој врвен приоритет од дневниот ред до неговата конечна реализација.

Исто така, владеење на правото не може да се постигне со политички лов на вештерки, туку само со сеопфатна проверка на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите и целиот процес на приватизација.

Меѓуетничкиот легитимитет произлезен од демократски избори е основата на стабилноста на земјата и односите меѓу етничките групи во земјата, затоа мора да се почитува и имплементира, стои во соопштението од ДУИ за средбата.

Слични содржини