Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври

од Илинка Илиоска
6 прегледи

Сите корисници кои го оствариле правото на студентска стипендија во некоја од изминатите академски години и ги исполнуваат условите за продолжување, можат да аплицираат од денеска па се до 30 октомври годинава.

-На порталот Е-услуги, корисникот на стипендија треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот – информира Министерството за образование и наука.

Дополнителни прашања и информации може да се добијат на електронската адреса – [email protected] .

Слични содржини