Дрес на Леброн продаден за 1.300.000 долари: Во него постигна 32 поени како средношколец

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Дресот на американскиот кошаркар Леброн Џејмс, кој тој го носеше како член на средното училиште Сент Винсент-Сент Мери во 2002 година, беше продаден на аукција за 1,3 милиони долари, соопшти аукциската куќа „Џулиен“ од Беверли Хилс.

Американските медиуми наведуваат дека тоа е дресот во кој Леброн Џејмс позирал за насловната страница на магазинот „Спортс илустрејтед“ во 2002 година, а потоа постигнал 32 поени во овој дрес за својата средношколска екипа.

Во Соединетите Американски Држави потсетуваат дека овој дрес на Леброн Џејмс е продаден на аукција по трет пат во последните пет години.

Леброн Џејмс (39) моментално е член на Лос Анџелес Лејкерс, пред тоа играше за Кливленд и Мајами, а деновиве е популарен во јавноста за уште едно неверојатно достигнување.

Имено, еден од најдобрите кошаркари во историјата оваа сезона ќе настапи во дресот на Л.А. Лејкерс заедно со неговиот син Борни, што ќе биде првпат во историјата на НБА лигата татко и син да настапат заедно во ист тим.

Слични содржини