Џонсон планирал инвазија на Холандија за време на Ковид

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите сè уште необјавени мемоари откри дека имал идеја да за инвазија на Холандија за време на пандемијата на коронавирус со цел да ја ослободи „киднапираната“ вакцина на AstraZeneca.

Џонсон напиша дека им наредил на вооружените сили да размислат за инвазија по вден пат на складиштето во Лајден, Холандија.

Во тоа време во објектот имало пет милиони дози од вакцината против Ковид на AstraZeneca, за која Џонсон верувал дека им припаѓаат на Велика Британија бидејќи била развиена во таа земја.

Одговорот на војската беше дека планот веројатно нема да успее, по што премиерот мораше да признае дека идејата за напад на друга членка на НАТО е „луда“.

Џонсон, исто така, напиша во своите мемоари дека за малку ќе умрел од Ковид и ќе подлегнел на болеста ако не биле континуираните напори на две посветени медицински сестри.

Објавувањето на мемоарите на Џонсон е планирано за октомври, а британските медиуми со денови ги објавуваат најинтересните извадоци од книгата.

Слични содржини