Повозрасна жена почина на Клиника во Скопје

од Nikola Popovski
24 прегледи

Повозрасна жена од Куманово починала во клиника во Скопје, соопшти МВР.

Според информациите, утрово во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив починала В.П.(67) од село Табановце, кумановско.

Жената како што соопшти полицијата претходно била донесена за укажување на лекарска помош.

-Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини