🎥Иран истрела повеќе од 100 ракети кон Израел: Се слушаат сирени за воздушен напад

од Nikola Popovski
43 прегледи

Израелската армија објави дека балистички ракети штотуку биле лансирани од Иран кон Израел, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека сирените за воздушен напад се слушаат во Ерусалим и други израелски градови.

Израелската армија соопшти дека сите цивили биле упатени во засолништа.

Сирените се огласуваат низ Израел поради иранскиот ракетен напад. Некои медиуми во Израел јавуваат дека во нападот биле истрелани повеќе од 100 проектили. Снимката го покажува пресретнувањето и остатоците кои паѓаат над Израел.

Експлозии се слушаат над Тел Авив и предупредувачки сирени се огласуваат низ градот, најголемата урбана и економска метропола во Израел.

Експлозии се слушнале и во Ерусалим, изјавиле очевидци за Ројтерс.

Се додава дека војската дистрибуирала упатства за заштита од ракетни напади на неколку места низ Израел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија објава во која се наведува дека сите израелски цивили се во засолништа за бомби додека ракетите од Иран се истрелани кон Израел.

Потсетуваме, израелската армија денеска изврши копнен напад на територијата на Либан.

Слични содржини