„Аксиос“: Израел ќе му се одмазди на Иран, напади врз нуклеарните постројки не се исклучени

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Израелските власти за порталот Аксиос изјавија дека во рок од неколку дена Израел ќе започне „значителна одмазда“ на иранскиот ракетен напад и дека целите може да бидат нафтени постројки и други стратешки локации.

Иран синоќа се закани дека повторно ќе го нападне Израел доколку таа земја одговори на нападот со речиси 200 проектили кои Иран ги лансираше синоќа.

Израелските власти проценуваат дека доколку тоа се случи, „сите опции ќе бидат на маса“, вклучувајќи ги и нападите врз иранските нуклеарни постројки.

Слични содржини