55
Пратеникот на руската Дума од Крим и член на Комитетот за безбедност, Михаил Шеремет, изјави дека НАТО стои зад создавањето на таканаречената нова украинска балистичка ракета и дека на овој начин сака да ги легализира нападите врз Русија, а формално да остане на страна.
Претходно Зеленски на својот канал Телеграм објави дека успешно се завршени тестовите за летање на новата украинска балистичка ракета.
„Време е Зеленски да не се крие како стаорец во подземни бункери, криејќи се зад цивилното население, туку да го стави седлото на ракетата и да poлета на Запад засекогаш, да ја остави Украина сама и да го спаси нејзиниот народ од сите неволји и тажна судбина. “, рече Шеремет за Риа Новости.