ЈП Паркинзи на Општина Центар издаде предупредување за граѓаните во врска со поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК), на која дизајнот и логото на претпријатието се злоупшотребени. Според соопштението, на лажната карта е поставен QR код, кој при скенирање води до веб-адреса без поврзаност со ЈП ПОЦ, со цел да се извлечат парични средства преку измама.
„Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат“, апелираат од ЈП Паркинзи. Претпријатието нагласува дека единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК е https://users.poc.mk/PayDpk.
„Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните“, додаваат од претпријатието.
ЈП Паркинзи апелира гражаните да внимаваат на овие измамнички активности и да се обратат на надлежните органи доколку забележат сомнителни документи.