Милевски: Македонија се прашува како ќе изгледа табелата во оваа Лига на нации

од Nikola Popovski
55 прегледи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски изјави дека изгледот на табелата во групата Ц4 од Лигата на нации зависи од неговите играчи и дека имаат намера да останат на првото место.

„Нè очекуваат уште четири натпревари, секој од нив е подеднакво важен. Сега играме на гости со Летонија и Ерменија. Ме радува фактот и се надевам дека ќе остане така, дека сè зависи од нас. Македонија се прашува каков е изгледот на табелата во оваа Лига на нации. Ќе бидеме задоволни ако и по оваа средба бидеме на првото место каде што сме сега“, рече Милевски.

Селекторо го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните два натпревари против Летонија и Ерменија на гости од групата на Лигата на нации, а меѓу 25-те играчи, единствен дебитант е словачкиот играч на Жилина, Андреј Стојчевски.

„Во однос на ростерот, за жал, имаме некои повреди на фудбалери кои беа непланирани“, рече Милевски.

Прецизира дека Кристијан Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг и ќе мора да мирува четири до шест недели.

„Се надевам дека (Александар) Трајковски ќе биде подготвен и достапен. За жал, Дарко Велковски нема клуб и жал ми е што не е во посакуваната форма. Не сум задоволен од статусот на Елези (Агон) во тимот на Бохум. Тој е професионалец и ќе даде се од себе за да се наметне во клубот, ни треба таков играч, тој беше со нас и на минатите собири и секако сметаме на него во иднина“.

Тој додаде дека неговиот тим има проблеми со одбраната, особено со жолти картони и затоа Стојчевски добил повик да биде дел од ротацијата.

„Се надевам дека другите ќе бидат пред се здрави, а потоа ќе можат да се стават во функција на тимот. Во моментов најважно ми е здравјето на фудбалерите. Не можеме да зборуваме за натпреварувачката форма. Ние го градиме тимот три години и не сме во позиција да го менуваме секој натпревар“, изјави Милевски.

Собирот на фудбалската репрезентација на Македонија за претстојните две средби од Лигата на нации е закажан за 7 октомври во Скопје.

По првите две кола, Македонија е лидер во групата со четири бода, пред Ерменија и Летонија, кои имаат по три.

Слични содржини