Каква бомба: Нејмар се враќа во Европа? Eден дел од Шпанија веќе гори

од Nikola Popovski
31 прегледи

Бразилската ѕвезда Нејмар следното лето како слободен играч би можел да се врати во Европа, поточно во Барселона. Каталонски „Спорт“ наведува дека 32-годишниот фудбалер по истекот на договорот со Ал-Хилал би можел да ја засили Барса.

Нејмар своите најдобри години ги помина во Барселона, каде што пристигна во 2013 година од Сантос. За четири години на Камп Ноу, тој освои се што можеше да се освои, пред да се пресели во ПСЖ во 2017 година за рекордни 222 милиони евра. Одењето во Париз не се покажа како најдобар потег, бидејќи таму често беше критикуван од сопствените фанови.

Веќе подолго време се зборува за негово можно враќање во Барселона, а сега се чини дека тоа би можело да се случи следната година. Жоан Лапорта, претседателот на клубот, сака да потпише со голема ѕвезда за да се врати на „Камп Ноу“, а Нејмар изгледа најреална опција поради финансиската состојба на клубот.

Нејмар моментално е член на Ал-Хилал, но само што се врати на тренинзите по тешката повреда на коленото. Враќањето во Барселона може да му помогне да се подготви за Светското првенство во 2026 година.

Освен во Барселона, Нејмар се поврзува и со враќање во Сантос, клубот во кој ја започна кариерата.

Слични содржини