Милановиќ: Хрватските војници нема да војуваат – не одговарам ниту на Вашингтон, ниту на Брисел

од Nikola Popovski
229 прегледи

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска повторно најави дека хрватските војници нема да учествуваат во активности кои ја туркаат Хрватска во војна и порача дека не одговара ниту на Вашингтон, ниту на Брисел.

„Додека јас сум претседател на Републиката и врховен командант, хрватските војници, подофицери и офицери нема да учествуваат во активности кои ја туркаат Хрватска во војна. Дали се работеи за еден или сто војници, без разлика каде и да се, станува збор за директна поддршка на завојувана страна која не е членка на НАТО, а тоа претставува излегување од рамката на националниот интерес на Хрватска“, порача Милановиќ на Фејсбук, пренесува хрватски „Индекс“.

Тој посочи дека Хрватска има обврска исклучиво да им помага на своите сојузници, што го прави секој ден, а се друго е вмешаност во војната, што не го дозволила и нема да дозволи.

„Јас одговарам исклучиво на хрватскиот народ, а не на Вашингтон и Брисел и така ќе остане“, истакнува Милановиќ.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја критикуваше одлуката на Милановиќ, велејќи дека Хрватска не е изложена на ризик за да биде вовлечена во војна.

„Милановиќ е тој што непотребно ја разобличува и дополнително ја изолира Хрватска на меѓународната сцена со ваквите потези, уништувајќи го нејзиниот кредибилитет како сојузник на НАТО“, тврди Пленковиќ.

Слични содржини