Таравари: Македонија е земја во која најмалку се чека за магнетна резонанца

од Nikola Popovski
22 прегледи

Не би сакал да претерам, но најверојатно Македонија е земја во која што најмалку се чека за да се направи магнетна резонанца. Со тоа можеме да се пофалиме како држава. Ќе продолжиме со инвестиции во апаратура, но и со други инвестиции во јавното здравство бидејќи сметаме дека може и треба здравствените услуги да бидат се подобро и подобри, изјави првиот човек во здравството, Арбен Таравари откако поликлиниката „Идадија“ во Скопје доби нов апарат за магнетна резонанца.

Над 400 пациенти биле снимени на новиот апарат магнетна резонанца, којшто два месеци функционира во поликлиниката.

Горлив проблем во јавното здравство не е само термин за дијагностика, туку и читањето на резултатите. Во Здравствениот дом – Скопје веќе една година имаат систем за централизирано читање на резултатите.

„Идејата на министерството е да започнеме со централизација на цела радиологија, на ниво на државата. Со овој систем којшто Здравствен дом веќе го има, а се надевам дека наскоро ќе се поврзе и преку Мој Термин, радиолозите ќе можат резултатите од секаде и во секое време да ги отворат и да дадат мислење, секако со дозвола и по барање на колегите“, додаде Таравари.

Слични содржини