37
Министерството за внатрешни работи соопшти дека две лица се приведенипоради обид за кражба од зграда на улица „Серава“ во скопската населба Чаир, каде вчера избувна пожар. Полицијата успеала брзо да ги лоцира и приведе осомничените, кои се обиделе да влезат во зградата во која веќе е причинета значителна материјална штета поради огнот.
Пожарот во зградата беше изгаснат утрото околу 9:30 часот, по речиси 24 часа борба на пожарникарите.
Сега надлежните треба да утврдат дали зградата е безбедна за живеење и дали по големиот пожар во кој поради вдишување на чад беа хоспитализирани 43 луѓе, може да се вратат во своите станови.
Пожарот бил тежок за гасење оти во магацинот кој се наоѓал во станбена зграда имало голем број експлозивни предмети.