Тејлор Свифт загуби 2 милиони слушатели на Spotify откако ја поддржа Камала Харис

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Музичката платформа Spotify забележа драстичен пад на слушаност на песните на поп ѕвездата Тејлор Свифт, а се чини дека тоа не е случајност.

Имено, откако светската ѕвезда ја поддржа Камала Харис во претседателската трка во САД, таа загуби дури два милиони слушатели на Spotify.

Анализата ја направи компанијата Chartmetric, која вообичаено се занимава со статистика од областа на музиката.

Кога Свифт јавно ја поддржа Камала Харис на 10 септември, 94 милиони уникатни слушатели на Spotify стримуваа барем една од нејзините песни во изминатиот месец.

Нешто повеќе од две недели подоцна, на 27 септември, бројот на единствени слушатели падна на 92, но сепак и тоа е импресивен број на слушања за кои Тејлор Свифт веројатно нема да биде загрижена.

Слични содржини