Со третиот гол, односно третата и четвртата асистенција во петтиот настап по доаѓањето во Неапол, Ромелу Лукаку го предводеше Наполи до петтата победа во шампионатот и им обезбеди на соиграчите првото место на табелата.
Гостите од Алпите ги начна Скот Мектоминај – веројатно засилувањето на летото во „калчо“ – а „точката пред 54.726 навивачи на „Марадона“ ја стави резервистот Дејвид Нерес:
Наполи – Комо 3:1 (1:1) во натпреварот од 7.коло на италијанскиот шампионат, по кој избраниците на тренерот Антонио Конте имаат 16 бодови.
Лукаку при првата му асистираше на Шкотланѓанецот, а на Бразилецот во 86. минута од натпреварот, меѓу кои самиот погоди со гол од 11 метри во 53. минута за 2:1.
Израмнувачкиот гол за повратниците во елитното друштво по две децении го донесе Габриел Стрефеца во 43. минута на додавање на Максим Пероне, но второто полувреме им припадна на Наполитанците во секоја смисла.
Комо на тренерот Сеск Фабрегас пристигна на југот со две победи во низа и двете со резултат 3:2 – на гостувањето кај Аталанта и на домашен терен против Верона.
По паузата за Лигата на нации, Наполи го очекува гостување во Емполи, додека Комо ја пречекува Парма.