Поплава во Тетово – извлечено комбе со 11 патници

од Nikola Popovski
136 прегледи

Интензивните врнежи од дожд кои доцна попладнето ја зафатија општина Тетово се причина за зголемениот број на повици до противпожарната единица од луѓе на кои им е потребна нивна интервенција.

Интензивниот повеќе часовен дожд денес е причина повторно да има поплавување на коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај касарната. Полицијата ги пренасочува возилата да одат по други улици.

Пожарникарите интервенирале во извлекување на комби возило во кое имало 11 патници, а кое било заглавено во подвозник на патот што води кон селото Сиричино. Во извлекувањето на возилото со јаже интервенирале четворица пожарникари со едно возило.

Од ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.

Oттаму велат се очекува нов дожд и подготвени се повторно да излезат на терен за да санираат евентуални нови штети.

Слични содржини