Ристески тврди: Едно семејство би заштедило до 5000 денари со есенската и училишната потрошувачка кошничка

од Nikola Popovski
60 прегледи

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески тврди дека со есенската потрошувачка кошничка, граѓаните ќе можат да заштедат од 1000 до 1500 денари во текот на месецот, од купување на основните прехранбени производи.

Според него, преку есенската кошничка и училишната кошничка, едно семејство би заштедило од 4000 до 5000 денари. Ристески денеска во изјава за медиумите истакна дека и студентите можат да ја користат училишната потрошувачка кошничка.

Околу Законот за нефер трговски практири, заменик-министерот вели дека се однесува во врска со регулирање на договорите меѓу добавувачите и произведувачите со трговијата на мало и маркетите.

-До Нова година ќе пратиме ситуација на терен како се одвива. Потоа КЗК ќе започне и со казнени мерки кои се предвидени во законот, при што казните се и до 20 илјади евра за трговците на мало, кажа Ристески при посетата на Текстилијадата во Штип.

Слични содржини