220
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ против Американецот Алекс Михелсен го започнува турнирот во Шангај. За прв пат, Србинот пред мечот бил претставен како најдобар тенисер во историјата.
„Од Србија доаѓа најголемиот на сите времиња – Новак Ѓоковиќ“, рекол спикерот пред 37-годишниот белграѓанец да излезе на теренот.
Ѓоковиќ, најтрофејниот тенисер на сите времиња и победник на 24 Грен слем турнири, е и најуспешниот натпреварувач на Мастерсот во Шангај. Турнирот во Кина го освојуваше рекордни четири пати и има најмногу победи на него (34).