Српскиот премиер Вучевиќ во понеделник во Скопје

од Nikola Popovski
29 прегледи

Во понеделник доаѓа претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, поради што македонската полиција подготвува посебен сообраќаен режим во главниот град.

-СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, стои во соопштението од полицијата.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Слични содржини