Евра му помага на Погба да најде клуб по суспензијата

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Пол Погба (31) ќе може повторно да игра од март 2025 година. Францускиот играч за врска ќе може да тренира веќе во јануари следната година, откако казната за допинг му беше намалена од четири на година и пол. Да потсетиме, тој беше суспендиран на крајот од минатата сезона бидејќи тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон.

Погба напиша дека „кошмарот конечно заврши“ и најави враќање во фудбалот. Иако неговиот договор со Јувентус е до летото 2026 година, торинскиот клуб не смета на него и се очекува меѓусебно да го раскинат договорот. Италијанскиот инсајдер Николо Шира откри дека за Французинот се распрашувале богатите саудиски клубови кои во последните години носат европски ѕвезди, како и клубови од МЛС.

Поранешниот француски репрезентативен дефанзивец и поранешен соиграч на Погба во Јувентус, Патрис Евра (43) има поинаква идеја. Тој сака да му помогне на својот сонародник, па предлага да оди во Марсеј, моментално третопласираниот клуб во францускиот шампионат.

„99 проценти сум убеден дека нема повторно да го видиме Пол во дресот на Јувентус. Тој мора да сврти нова страница. Ќе го повикам Мехди Бенатија (советник во Марсеј) за да го контактира Погба. Вратата е отворена за него“, рече Евра во подкастот на поранешниот фудбалер Џером Ротен.

Слични содржини