📸Кијану Ривс се тркаше на Индијанаполис

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Американскиот актер Кијану Ривс го имаше своето деби на автомобилски трки во саботата на познатата авто-мото патека во Индијанаполис во Соединетите Американски Држави.

Ѕвездата на „Матрикс“ накратко ја напушти патеката на средината на 45-минутната трка во Индијанаполис Мотор Спидвеј.

Успешно избегна несреќа во првиот круг во свиокот 14. Тој се врати на патеката и продолжи да вози, сигнализирајќи дека е неповреден и заврши на 25-то место, пренесе Асошиејтед прес.

Ривс има втора трка закажана за денеска.

Холивудскиот актер има претходно тркачко искуство како поранешен учесник на трката на славните, Гран При на Тојота, на патеката Лонг Бич. Ривс победи на натпреварувањето во 2009 година.

Слични содржини