На Медведев му пречат топчињата: „Добри се само за Алкараз и Синер“

од Nikola Popovski
200 прегледи

Рускиот тенисер Даниил Медведев имаше поплаки за топчињата со кои го играше на мечот против Матео Арналди во 2. коло во Шангај, за пласман во осминафиналето.

До победа стигна дури по пресврт. Рускиот тенисер дури по два часа и 45 минути го скрши отпорот на 36-та светски тенисер.

По мечот тој зборуваше за несоодветните топчиња за неговата игра и за играта на повеќето тенисери, освен за двајца.

„Не верувам дека некој може да се прилагоди на овие услови“, започнал Медведев, а потоа прецизирал:

„Овие топчиња ги сакаат само оние кои можат да профитираат од таканаречените мртви топки, а тоа се двајца од најдобрите играчи во светот. Тие сигурно би биле најдобри и без овие топчиња, но само тие можат да играат толку добро со нив. Зборувам за Јаник Синер и Карлос Алкараз. Овие топчиња им даваат дополнителна предност, но јас се трудев да се борам колку што можам. Тренирам многу, се обидувам да играм напорно како никогаш. Тој стил не ми одговара на моето тело. Направивме дури и посебен тест. Ја тестирав својата експлозивност со таква игра – а ја немам. Можам да играм експлозивно кога летаат топчињата, но не со вакви. Се обидов да направам се што можам, и се уште играм добро. Се борам и ќе се борам до самиот крај“, изјавил Медведев.

Слични содржини