Ердоган: Порано или подоцна, Израел ќе плати за „геноцидот“ што го спроведува во Газа

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел порано или подоцна ќе ја плати цената за, како што наведе, „геноцидот што го спроведува веќе една година“ во Појасот Газа.

Ердоган наведува дека овој геноцид не ги убива само Палестинците, туку и целото човештво.

„Како што Хитлер беше запрен од заедничката алијанса на човештвото, Нетанјаху и неговата мрежа за убиства ќе бидат запрени на ист начин“, рече Ердоган во изјавата на платформата X по повод годишнината од нападот на Хамас врз јужен Израел и почетокот на војната во појасот Газа.

Слични содржини