Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска ги праша, како што вели, стручњаците во МВР, како во Катастар се впишани сите тениски терени во Скопје, а само тој во Карпош и кај хотелот Александар Палас не можел да се запише.
-Треба да им биде срам. Сакаат да си прават маркетинг, а јас сакам да им порачам да си се вработат во маркетиншка ангеција, а не во МВР каде што ги плаќаме со народни пари. Ова е чиста пропаганда, кажа градоначалникот, најавувајќи дека ќе поднесе кривична пријава до полицијата заради лажно пријавување и додава дека предметот е чист како солза.
-Од сателит се гледа дека е политички мотивиран процес. Колегите кои што го работеле предметот само настрадуваат како колатерална штета затоа што им е градоначалник Стевче Јакимовски, рече првиот човек на општина Карпош.
-За ова прашање е разговарано многу време претходно. Прашањето е чисто за сите. Сметам дека е крајно некоректно и да водат сметка дека за секој предмет мора да има три потписи. Кога тргнуваат во ваков чекор, прават стресови на луѓето во општината за 30-тина илјади плата. Замислете како влијае врз нив самите. Им прават стрес, додаде Јакимовски.