Францускиот репрезентативец Ибрахим Конате (25) стана главна тема на собирот на репрезентацијата во Париз, но не поради неговите фудбалски вештини.
Стоперот на Ливерпул се појави во необично издание, кое брзо го привлече вниманието на социјалните мрежи. Имено, Конате на собирот пристигна со закопчана качулка преку лицето, што ги изненади насобраните новинари пред зградата.
Тој со насмевка ги праша новинарите: „Не знаете кој сум јас, обидете се да погодите“, додека беше скриен неговиот идентитет.
На нивно барање ја тргна маската и извика: „Јас сум!“.
💬 « Vous ne savez pas qui je suis ? »
L'arrivée mystérieuse de… Konaté à Clairefontaine !#lequipeFOOT pic.twitter.com/yBPXY37AcF
— L'ÉQUIPE (@lequipe) October 7, 2024
Оваа хумористична сцена брзо стана вирална по социјалните мрежи.
За потсетување, Конате е член на Ливерпул од 2021 година, кога од РБ Лајпциг се пресели во англискиот клуб за 40 милиони евра, а за француската репрезентација досега има 17 настапи.