Израел: Шестмина повредени со нож, напаѓачот убиен

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Напаѓач со нож е „неутрализиран“ денеска откако рани шест минувачи во Хадера, мал град во централен Израел, соопшти полицијата.

Станува збор за терористички напад на четири места, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот избегал со мотор, но бил „неутрализиран“.

Од израелската организација „Маген Дејвид Адом“, еквивалент на Црвениот крст велат дека состојбата на некои од ранетите е сериозна.

Слични содржини