Меланија се присети на првата средба со Трамп: Ја завел иако бил со друга жена

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Откако се присети на своето воспитување во Севница и летните одмори на Јадранот, Меланија Трамп откри и се за нејзината прва средба со нејзиниот сегашен сопруг, кандидатот за американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што напиша таа, Трамп во моментот на нивната средба всушност бил излезен со друга жена, но тоа не го спречило да ја заведе убавата Словенка.

Тоа беше во 1998 година на забавата на Модната недела, каде Меланија пристигнала со пријателка. Трамп во еден момент и покрај тоа што бил во друштво на атрактивна русокоса, им пришол.

„Здраво. Јас сум Доналд Трамп“, рекол додека се приближувал до нивната маса, на што Меланија одговорила дека и е „мило што гол запознала“.

Иако името и било познато, Меланија, призна таа, не знаела многу за Трамп.
„Неговите очи беа исполнети со љубопитност и интерес и, искористувајќи ја приликата, седна до мене и започна разговор. Ме праша за времето што го поминувам во Њујорк, за мојот дом во Словенија и за моите патувања низ светот“.

И покрај тоа што тоа беше само кратка средба, Меланија напиша дека почувствувале „момент на поврзување“ кој им оставил „траен впечаток“.

„Од моментот кога започна нашиот разговор, бев маѓепсана од неговиот шарм и опуштена природа. Толку многу се случуваше околу нас, но тој беше фокусиран на нашиот разговор и ме натера да се чувствувам како центар на неговиот свет. Тоа беше навистина освежувачки одмор од вообичаените површни разговори по кои сфатив дека ме привлекува неговата магнетна енергија“.

Иако мислела дека нивниот разговор е само резултат на љубезноста на Трамп, особено што тој имал придружба, штом дотичната русокоса го оставила за момент, тој го побарал телефонскиот број на Меланија. Таа најпрвин учтиво го одбила неговото барање и така го изненадила, но потоа му го побарала бројот и тој и го дал со услов – „ако му вети дека навистина ќе му се јави“.

Слични содржини