Porshe повлекува илјадници електрични автомобили

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Производителот на автомобили Porshe повлече 27.527 свои електрични седани во САД поради ризик од краток спој на батеријата, објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Според извештаите, повлекувањето се однесува на моделите „Taycan“, кои се произведуваа од 2021 до 2024 година, пренесе Ројтерс.

Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите додава дека потенцијалниот краток спој во високонапонска батерија го зголемува ризикот од пожар во автомобилите.

Клиентите на Porsche во САД треба да контактираат со дилери на автомобили кои ќе инсталираат дијагностички софтвер во возилата и ќе извршат бесплатни поправки доколку е потребно, се вели во соопштението.

Слични содржини