38
Јас доаѓам од средина каде што Македонците се малцинство и можам да кажам дека институциите се пренатрупани, што е реално ако го гледаме составот на населението. Сепак, никогаш не сум имала проблем да бидам услужена од Албанец доколку тој знае како да ме услужи, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, говорејќи на темата околу укинувањето на алатката „балансер“.
Според неа, пречката не е етничката припадност или јазикот, туку пречка е кога оној од другата страна на шалтерот, институција или канцеларија, не знае како треба да ве услужи.
-Тука е проблемот. Со такви луѓе ги натрупавме институциите. Инструмент кој што помагал во ова бил и Балансерот, кажа Стојаноска во емисијата „Само вистина“.