Џорџ Балдок, фудбалерот на Панатинаикос и грчката репрезентација, е пронајден мртов во својот дом во Атина. Според првите информации тој бил пронајден во базенот од куќата во која живеел.
Засега нема дополнителни информации како дошло до трагедијата, додека од грчката полиција велат дека започнале истрага.
Овој 31-годишен десен бек фудбалер минатото лето пристигна во Панатинаикос, а пред тоа целата кариера ја мина во Англија каде што е роден. Во својата кариера настапуваше за Милтон Кејнс Донс, Нортхемптон, Тамворт, ИВБ, Оксфорд, а од 2017 до 2024 година го носеше дресот на Шефилд Јунајтед.
Тој минатото лето пристигна во ПАО од Шефилд, за кој одигра три натпревари.
Иако е роден во Англија, тој го носи дресот на грчката репрезентација од 2022 година и забележа 12 настапи благодарение на тоа што неговата баба е Гркинка.
Последниот натпревар кој го одигра беше дуелот против Олимпијакос пред три дена.