Емотивна порака на Роџер Федерер: „Благодарам за незаборавните спомени“

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер реагираше на објавата на Рафаел Надал дека става крај на кариерата.

„Каква кариера, Рафа! Отсекогаш се надевав дека овој ден никогаш нема да дојде. Ти благодарам за незаборавните спомени и неверојатните достигнувања во играта што ја сакаме. Беше апсолутна чест”, напиша Федерер.

Надал во многу наврати потенцираше дека Федерер му бил најголемиот ривал.

Ќе останат запаметени нивните натпревари во финалето на Ролан Гарос и особено на Вимблдон, каде со своите игри ги поместија границите на тенисот.

Слични содржини