Мората откри дека има депресија: Не можам да излезам со децата, бидејќи ме исмејуваат на улица

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Алваро Мората (31), капитенот на шпанската репрезентација се отвори пред јавноста пред натпреварите од Лигата на нациите. Во радио емисијата „Код Херера“, на популарната станица „COPE“, тој детално зборуваше за депресијата која го мачи. Откри дека пред неколку месеци почнал да има психички проблеми. Тој призна дека поради нив размислувал да се откаже од играњето фудбал и тоа пред неодамнешното Евро, каде ја одведе Шпанија до европската титула.

„Кога ви е навистина тешко во ситуација како мојата, настанува депресија, тогаш имате напади на паника. Не е важно со што се занимавате, каква е вашата животна ситуација, бидејќи кога ќе започне, се чувствувате како да има уште една личност во тебе против која треба да се бориш секој ден и секоја вечер. За мене притисокот во Шпанија беше неподнослив и заминувањето од таму беше најдобрата одлука што ја донесов“, откри Мората дека го напуштил Атлетико Мадрид ова лето и заминал во Милано поради болеста.

„Ми беше ужасно. Мислев дека нема да можам повторно да ги облечам копачките и да излезам на теренот. Но, благодарение на многу луѓе: Симеоне, Коке, извршниот претседател на Атлетико Мигел Анхел Гил, мојот психијатар… Вие не гледате на ТВ и на социјалните мрежи, но ова е често нереален впечаток за нас и нашите животи“.

„Мораме да го претставиме имиџот што јавноста го бара од нас затоа што тоа е наша работа. Бев навистина лошо. Експлодирав и буквално имаше моменти кога не можев да ги врзам врвките од копачките. И тогаш, кога ќе успеев, само понекогаш трчав дома бидејќи грлото ми се стегаше и видот ми беше заматен“.

Затоа, Мората, како капитен, ја предводеше Шпанија до евро-титулата ова лето. Отвори со гол против Хрватска, но сега откри дека за малку ќе пропуштил да оди на ЕП: „Три месеци пред ЕП сериозно размислував да се откажам од фудбалот. Не знаев што ми се случува, но знаев дека е многу комплицирано и чувствително. Вака ќе се обидам да ти објаснам: во истиот момент сфаќаш дека истото, а тоа е фудбалот, и најмногу го сакаш и најмногу го мразиш во светот“.

Шпанскиот ас вели дека во оваа состојба најтешки ситуации му се со децата: „Секогаш кога ќе излезам со нив на улица, во продавница, се случува епизода со непозната личност која чувствува потреба да ми пријде и зборува за тоа што се случило на натпреварот што сум го одиграл. Честопати овие луѓе се коректни, без злоба, но во Шпанија не можам да одам неколку чекори без да дојдат неколку луѓе и да ми објаснат како треба да играм“.

„Ова ме нервира и реагирам бурно, а им пречи и на моите деца. На крајот, поради таквите постојани упади и моите реакции, не сакаат да пазарат со мене, што нормално би било најнормалното нешто што децата го прават со татко им. Но, најголем проблем се оние кои често ме застануваат на улица и кажуваат работи кои ми прават многу непријатно ако децата се со мене. Овие странци ме сметаат за некој за потсмев, лесна мета“.

Слични содржини