Саутгејт ги разочара навивачите на Манчестер Јунајтед: Не размислува да дојде на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Неодамнешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Сутгејт, нема да биде тој што ќе го замени Ерик тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед, доколку челниците на клубот одлучат да му врачат отказ на холандскиот стручњак, на што се надеваат навивачите.

Селекторот, кој со Островјаните играше во две врзани финалиња на ЕП и полуфинале на Светското првенство, во овој момент сака само да се одмори и да не размислува за нова работа.

„Уживам во животот и не сакам така лесно да се откажам од него. Во последните 11 години сум целосно на располагање на Фудбалската асоцијација на Англија и ми треба малку време да се одморам, но и да пробам некои други животни искуства кои не би можел да ги имам како младински и сениорски селектор на репрезентацијата“, изјави Саутгејт.

Искусниот стручњак нагласи дека одморот на кој е ќе трае најмалку една година и дека дури потоа ќе размислува за преземање на нов клуб или репрезентација.

„Сигурно дека нема да работам следната година. Можам да гарантирам. Треба да се одморам и психички и физички од сите големи напори што ги имав во изминатите неколку години“, изјави Саутгејт.

Поранешниот селектор на Англија, заедно со Томас Тухел, е личноста која најмногу се споменува како наследник на Ерик тен Хаг, но очигледно нема ништо од тоа, исто како и потенцијалното преземање на Евертон.

Слични содржини