Рафаел Надал го шокираше тенискиот спорт со одлуката да се повлече по финалето на Дејвис купот со Шпанија. Карлос Алкараз, кој неочекувано беше елиминиран во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, бил целосно во шок од одлуката на Надал.
„Шокиран сум, Рафа е мојот идол и една од причините зошто сакав да се занимавам со овој спорт. Немав поим дека Рафа ќе ја донесе оваа одлука. Шокиран сум“, изјавил Алкараз во Шангај.
Наследството што му го остави на тенисот легендарниот Шпанец е неизмерно.
„Болно е да се види како го напушта овој спорт. Овој момент го спомна неколку пати, но секако му беше тешко да го избере моментот кога ќе донесе одлука. Никој надвор од неговиот близок круг не знаеше за ова“.
Карлос очекува да одигра нов двомеч со Надал, исто како и на Олимписките игри во Париз.
„Имав многу среќа што играв двојки со него, се натпреварувам, делам соблекувална и сум на исти турнири, да учам од него рамо до рамо. Тоа се спомени за цел живот”, изјавил Алкараз.
Тој, како и поголемиот дел од спортскиот свет на планетава, на социјалните мрежи не пропушти да му оддаде почит на легендарниот шпански тенисер.
Твоето наследство е неповторливо, многу ќе ми недостигаш кога ќе заминеш по Дејвис купот“, заклучил вториот светски тенисер.