Позната причината за смртта на грчкиот репрезентативец кој беше пронајден мртов во неговиот дом

од Nikola Popovski
32 прегледи

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој во средата вечерта беше пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошките наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја формирал лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода – честа појава при давење. Додека бил жив голтнал вода и таа вода му влегла во белите дробови.

На неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. Полуполно шише вотка и чаши биле пронајдени покрај базенот и биле испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме дека Болдок беше пронајден мртов во средата вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажа дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

Слични содржини