Кој е фудбалскиот функционер што го снимил сексот со судијката во службените простории?

од Nikola Popovski
681 прегледи

Фудбалската судијка Елиф Караслан (24) и делегатот Орхан Ердемир (61) се вмешани во секс скандал кој го тресе турскиот фудбал.

Според турските медиуми, Караслан имала сексуални односи со 61-годишниот Ердемир, делегат на УЕФА.

Турчинот бил фудбалски судија до 2006 година, а вистинската кариера ја остварил во улога на делегат.

Бил чест гостин на европските натпревари на фудбалските клубови во Србија и Босна и Херцеговина, но настапувал и во Франција, Шпанија, Италија…

Ердемир бил делегат и на бројни натпревари од првиот ранг на турскиот фудбал.

Сепак, Караслан тврди дека во службените простории немало никаков однос меѓу неа и 61-годишниот Ердемир.

Таа изјавила и дека ангажирала адвокати за расчистување на целата работа.

Елиф тврди и дека не е таа на видеото, на кое се гледаат интимни односи. Нејзиниот правен застапник исто така изјавил дека станува збор за монтирано видео.

Слични содржини