Дачиќ ги сподели своите впечатоци по средбата со Мицкоски

од Nikola Popovski
326 прегледи

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ денеска беше во официјална возвратна посета на Република Македонија.

– Посебна чест, за време на мојата еднодневна посета на Република Северна Македонија, ми укажа премиерот Христијан Мицкоски, со кого на работниот ручек разговарав за натамошно унапредување на нашите односи и зајакнување на српско-македонската соработка, за заедничка корист на српскиот и македонскиот народ, објавил Дачиќ на својот официјален профил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivica Dačić (@ivica.dacic.rs)

Илегалната миграција во фокусот на средбата на министрите за внатрешните работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Дачиќ. Само со поддршка на Европската унија може да се надмине проблемот со мигрантите, согласни и двајцата министри. Тие посочија дека најголем дел од нив влегуваат токму од ЕУ државите, затоа неопходни се технички решенија, но и повеќе средства.

-Најголем дел од мигрантите коишто влегуваат во Македонија се исто така од нашиот јужен сосед односно од Република Грција. Огромна благодарност до ФРОНТЕКС кои се поставени на јужната граница и помагаат значително за сето она што значи работа на гранична полиција. Но секогаш поддршката е добредојдена особено во делот на имплементација во дел на технички решенија кои ни се потребни но би било подобро кога би имале повеќе технички средства кои би ни биле ставени на располагање, истакна Тошковски.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија информираше дека запреле околу 7.000 илегални преминувања. Проблемот потврди и тој може да се реши само со поддршка на ЕУ.

Да потсетиме, министерот Дачиќ на крајот на јули годинава се сретна со Тошковски во Белград за време на неговата официјална посета на Република Србија, на која беше разговарано за натамошно унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи.

Слични содржини