Тони Надал: Рафа нема завршено ниту еден тренинг или Гренд слем без лекови против болки од 2005 година

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Тенискиот стручњак Тони Надал тврди дека неговиот внук Рафаел Надал нема завршено ниту еден Гренд слем турнир без лекови против болки од 2005 година.

Колку звучи тажно најдобро зборува податокот дека во 2005 година младиот Надал имаше само 19 години, а кариерата му заврши на 38.

Тони тврди дека Рафа се навикнал на болката – просто и едноставно.

„Рафа се навикна да игра со болка, но му реков на татко му дека можевме да вратиме пет, шест Гренд слемови ако се предававме секогаш кога тој имаше проблеми“, изјави Тони Надал за „Марка“ и продолжи: „Од 2005 година тој практично нема завршено ниту еден тренинг, нема одиграно ниту еден Гренд слем без да земе лекови против болки“.

Тони вели дека Рафа мислел дека овој пат ќе може да го направи истото и дополнително да ја продолжи кариерата, но …

„Сега, по коленото, болката се пресели во колкот“, објасни Тони Надал.

Конечно, тој истакна интересен проблем во модерниот тенис кој може да ги натера играчите да се повредуваат повеќе.

„Денешниот тенис е полош поради брзината со која се игра, бидејќи кога топката лета побрзо, движењата се понагли и порано или подоцна ќе направите движење што ќе ви донесе сериозен проблем“, подвлече искусниот тренер.

Слични содржини