Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај!

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Јаник Синер го победи Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови во финалето на Мастерсот во Шангај.

Синер победи против Ѓоковиќ по нешто повеќе од еден час и половина тенис, во сетови – 7:6, 6:3.

Со оваа победа Италијанецот и дефинитивно потврди дека е најдобриот тенисер на планетата, откако неколку дена претходно го обезбеди првото место на АТП-листата.

Шангај е негова 17-та титула во кариерата, а четврта во серијата Мастерс 1.000, додека Ѓоковиќ допрва ќе треба да ја чека 100-тата титула откако влезе во професионалните води.

Покрај тоа, Синер сега трет пат во низа го совлада Ѓоковиќ, по Дејвис купот и Австралија опен и израмни на 4-4.

Од понеделник на АТП листата ќе има 11.920 бодови, дури 4.700 повеќе од Карлос Алкараз, додека со финалето во Шангај Србинот се зацврсти на четвртата позиција.

Слични содржини