25
Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го назначи поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ за менаџер на тимот на местото на Ерик тен Хаг, соопштува Transfer News Live.
Според изворот, 41-годишниот стручњак е вклучен во листата на кандидати за улогата на нов тренер на „црвените ѓаволи“.
Последната работа на Терзиќ беше во Борусија. Минатата сезона под негово водство Дортмунд стигна до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Реал Мадрид (0:2).
Тен Хаг е на чело на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година. Сезонава екипата се наоѓа на 14-то место во поредокот во Премиер лигата со 8 бода од 7 натпревари.